Prijavi problem

Свети Трифун одбележан со закројување на лозјата и избор на најдобро домашно произведено вино во Општина Илинден

Објавено на: 14.02.2015 - 16:24

 

Во населено место Ајватовци, во Општина Илинден на свечен начин, со традиционално закројување на виновите лози во дворот на црквата „Свети Трифун“, беше одбележан Денот на лозарите. Со тоа продолжи традицијата која според постарите жители од ова населено место, е наследена од нивните татковци и дедовци и влече корени во далечното минато. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.

Во рамките на манифестацијата, а во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, годинава по втор пат се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општина Илинден. На своевидниот вински фестивал кој прераснува во традиција, годинава учествуваа десеттина производители на овој пијалок на боговите. Според одлуката на жири комисијата, составена, како и минатата година од членовите на „Вински витези“ - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура, најдобро произведено домашно вино беше црвеното вино на Драги Стојмановски од Ајватовци, второто место му припадна на Славица Нечовска од Ајватовци, а третото место го освои Николче Христовски, од Бунарџик.

Според зборовите на членовите на жири комисијата, годинава на винскиот саем буквално немаше лоши вина, туку од сите добри вина што беа презентирани, тие имаа тешка задача да ги изберат најдобрите.

Одбележувањето на Денот на лозарите и годинава не можеше да мине без македонска песна и оро, збогатени со чашка ракија и вино, како што и треба да биде кога се слави Свети Трифун, заштитникот на лозјето.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013