Prijavi problem

Свечено одбележан 6-от патронен празник на градинката „Гоце Делчев“

Објавено на: 04.02.2015 - 14:28

Со богата приредба што се одржа во Домот на култура „Илинден“, на свечен начин беше одбележан 6-от патронен празник  на градинката „Гоце Делчев“.

Пред голем број на родители и гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, одбележувањето на патронатот претставуваше свечена презентација на проектот „Општина Илинден низ детските очи“, при што 107 дечиња низ игра и песна ги прошетаа присутните низ дванаесетте населени места на Општината. 

Притоа, беа истакнати обележјата и најважните содржини на сите населени места: Бучинци, Мршевци, Бујковци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Ајватовци, Бунарџик, Мралино, Кадино, Марино и Илинден. Дечињата како патници на релација „63“ и „66“ им ја раскажаа приказната за Општина Илинден, импресионирани од посетите кои што му претходеа на овој настан.

Приредбата заврши со ликовна изложба со мотиви од Општината.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013