Prijavi problem

Првачињата станаа членови на Детската организација

Објавено на: 05.10.2018 - 12:08

Првачињата од основните училишта од Општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“ и станаа членови на Детската организација. На свечената манифестација што годинава се одржа под мотото „Градиме мостови, чекориме напред!“, на овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва. Во чест на првачињата нивните поголеми другарчиња приредија пригодна културно-уметничка програма.

За време на свеченоста првачињата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето.

Во учебната 2018-2019 година во трите централни и петте подрачни основни училишта во Општина Илинден, во училишните клупи за прв пат седнаа 200 првоодделенци.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013