Prijavi problem

Отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 17.05.2019 - 14:43

Како дел од 20-та Литературна манифестација „Илинден“ во галеријата на Домот на култура „Илинден“ беше отворена изложба на слики на сликарот Стефан Хаџи-Николов. Со пригодни зборови за авторот и неговото творештво на присутните им се обрати Ефтим Клетников.

-Овој нов циклус на Стефан Хаџи Николов е возбудлив, естетски прекрасен и ги задоволува нашите сетила за уметност. Тука ми се наметнува онаа мисла на Леонардо да Винчи дека сликарството е свеченост за окото. Гледајќи ги овие слики мораме да се согласиме со оваа констатација, истакна Клетников.

На изложбата се претставени 40-на дела масло на платно, а посебен интерес кај присутните љубители на уметноста предизвикаа мотивите со цркви и манастири од Општина Илинден.

Срефан Хаџи-Николов учествувал на повеќе од 200 групни изложби во земјата и надвор од неа и е учесник на повеќе меѓународни ликовни колонии.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013