Prijavi problem

Отворен третиот клуб на пензионери во Општина Илинден

Објавено на: 17.03.2013 - 00:49

Во н.м. Марино на свечен начин беше пуштен во употреба третиот Клуб на пензионери во Општина Илинден. На отварањето на новото катче за пензионерите присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, .Жика Стојановски.

Градоначалникот Стојановски изјави дека нема да запре неговиот ангажман во однос на грижата за пензионерите од Општината, и во таа насока го најави новиот Проект за изградба на Дом за стари лица, со што ќе се овозможи поудобен живот на луѓето кои што ја оставиле општината во наследство.

Општина Илинден во континуитет ги следи потребите на пензионерите и се труди во рамките на своите можности секогаш да им излезе во пресрет. За таа цел  досега отвори два пензионерски клубови во н.м. Кадино и н.м. Миладиновци.

Со реализацијата на капиталниот проект „10 Домови на културата“ во Општина Илинден се создадоа услови за отворање на Клубови на пензионерите и во другите населени места.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013