Prijavi problem

Натпреварите во атлетика хит на Спортски викенд „Илинден 2016“

Објавено на: 25.07.2016 - 15:01

Како дел од 8-от Спортски викенд „Илинден 2016“ што се организира по повод Денот на Општина Илинден, „Илинден 2-ри Август“, на новоизградената пешачко-велосипедска патека Марино-Кадино се одржаа традиционалните натпревари во атлетика.

Учениците и младинците, пред голем број љубители на атлетиката се натпреваруваа во трките на 300 и 600 метри, како и штафетните трки на 4Х600 метри. По својата посетеност натпреварите во трчање беа вистински хит на годинешниот Спортски викенд што се одржува под мотото „Ние навиваме за Македонија“.

Во прекрасни услови што ги овозможи новоизградената пешачко-велосипедска патека Марино-Кадино, во трките учествуваа повеќе од 200 ученици од основните училишта и општинското средно стручно училиште „Илинден“, а најголем интерес кај присутните предизвика штафетната трка 4Х600 метри.

Сепак, вистинска посластица за присутните беше трката во која учествуваа најмладите, односно дечињата од градинката „Гоце Делчев“. Беше вистинско уживање да се гледа со каква сериозност и жар трчаат до целта, поради што и ги заслужија најбурните аплаузи.  

ПЛАСМАН

ГРАДИНКА

  1. Михаил Милевски
  2. Марио Колевски
  3. Максим Дурански

Трчање на 300 метри (женски)

  1. Андроника Бојковска – ООУ „Браќа Миладиновци“
  2. Ива Младеновска - ООУ „Браќа Миладиновци“
  3. Мартина Гоговска - ООУ „Гоце Делчев“

 

Трчање на 300 метри (машки)

  1. Павел Ангеловски - ООУ „Гоце Делчев“
  2. Денис Лавовски – ООУ „Дане Крапчев“
  3. Матеј Ѓоршиевски - ООУ „Гоце Делчев“

Трчање на 600 метри (женски)

  1. Ана Милчевска – ООУ „Ристо Крле“
  2. Анастасија Митревска – „ООУ „Гоце Делчев“
  3. Викторија Ацевска – „ООУ „Ристо Крле“

Трчање на 600 метри (машки)

  1. Филип Стојановски - „ООУ „Ристо Крле“
  2. Роберт Јовчевски – ООУ „Ристо Крле“
  3. Дејан Цоневски – ООУ „Гоце Делчев“
  4.  

Штафетна трка 4Х600 м. (женски)

 1.    ООУ „Браќа Миладиновци“

Теа Божиновска

Зорица Бејковска

Дафина Стаменковска

Теодора Ѓорѓиевска

2.    ООУ „Гоце Делчев“

Мартина Чавдарова

Нина Николовска

Јована Денковиќ

Симона Веселиновска

 

Штафетна трка 4Х600 м. (машки)

 1.    ООУ „Гоце Делчев“

Гордан Миленковски

Филип Пешев

Стефан Тодоровски

Јован Симоновски

2.    ООУ „Гоце Делчев

Дамјан Митовски

Дамјан Јакимовски

Дени Тасевски

Андреј Трајановски

3.    ООУ „Ристо Крле“

Матеј Ставревски

Ѓокица Ѓошевски

Зоран Николовски

Стефан Ивковиќ

 

Штафетна трка 4Х600 м. СОСУ „Илинден“ (машки)

1-во место

Марио Наумовски

Дарко Ангеловски

Давид Марковски

Давид Николовски

 

2-ро место

Бојан Трајковски

Бојан Јакимовски

Дарио Атанасов

Теодор Ристовски

 

3-то место

Драган Трајановски

Димитар Трајановски

Филип Милановски

Дамјан Ангеловски

 

Штафетна трка 4Х600 м. СОСУ „Илинден“ (женски)

1-во место

Дијана Христовска

Викторија Игнатовска

Светлана Игнатовска

Деспина Костадиновска

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013