Prijavi problem

Културно уметничка манифестација во Дом на култура „Илинден“

Објавено на: 28.03.2015 - 12:20

На свечен начин, со фолклорен концерт што се одржа во Домот на култура „Илинден“, Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“ ја одбележа 3-годишнината од своето постоење. На сцената во преполната сала на Домот на култура „Илинден“ која што беше претесна да ги прими сите оние што сакаа да присуствуваат на овој фолклорен настан, покрај домаќините, членовите на Ансамблот „Илинден“, како гости настапија и членовите на КУД „,Китка“, Ансамблот „Македонија“ и ЦЕМФ „Митеви”.

Богатиот репертоар исполнет со сплет од македонски традиционални ора и песни и колоритните народни носии наидуваа на воодушевување кај публиката која што знаеше да ги награди со бурни аплаузи. Овој вистински фолклорен спектакл, вистински празник на фолклорот, ќе остане во долго паметење кај сите оние што имаа можност да присуствуваат на роденденскиот концерт на Ансамблот „Илинден“.   

Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски го искористи присуството на концертот на членовите на Ансамблот „Илинден“ да им додели посебно признание за искажаниот особен придонес во афирмацијата и зачувувањето на фолклорните традиционални вредности. Притоа, тој истакна дека добро се сеќава и на првиот, но и на последниот концерт на ансамблот „Илинден“ што се одржа неодамна и дека вистина не може да ја сокрие восхитеноста, за тоа колку Ансамблот „Илинден“ напредувал за ова кусо време.

Претседателот на Ансамблот „Илинден“, Златко Лелов, заблагодарувајќи се за признанието, истакна дека сето ова немаше да се случи доколку Општина Илинден преку изградба на инфраструктурни објекти од областа на културата и поддршката на културните манифестации не создадеше услови за развој на културата, за што му искажа огромна благодарност на градоначалникот Стојановски.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013