ОПШТИНА ИЛИНДЕН ДОБИ ИСО 9001:2008 СЕРТИФИКАТ


Секоја прва Сабота работна!

Администрацијата на Општина Илинден од Јуни 2010 година одпочна да работи со полно работно време секоја прва сабота во месецот.

Целта е да се подобри ефикасноста во работењето на Општината и на граѓаните да им се овозможи навремена и поквалитетна услуга. На овој начин сите жители на Општина Илинден кои поради работните обврски во текот на неделата не успеваат да ги завршат обврските што ги имаат во општинските служби, тоа ќе можат да го сторат од сега во првата сабота во месецот.

01.07.2010 |

Целосно уредување на просторот пред новото помошно игралиште во н.м Кадино

 Општина Илинден отпочна со градежни активности за уредување на просторот пред новото помошно фудбалско игралиште во населено место Кадино.

Ова е второ помошно фудбалско игралиште кое се гради во општина Илинден во соработка со Агенцијата за млади и Спорт како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта. 

Започна применувањето на новиот Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација на општина Илинден

 Врз основа на добиената согласност бр.04-1166/3 од Агенцијата за државните службеници, во општина Илинден започна да се применува новиот Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација на општина Илинден бр.04-1166 донесен од Градоначалникот на општина Илинден согласно Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација бр.07-674/3 донесена од Советот на општина Илинден на седницата одржана на ден 22.03.2010 година.

 
22.06.2010 |

Петта година по ред Проект "Бесплатни курсеви по странски јазици, гитара, уметност, модерен балет и фолклор"

  Петта година по ред Проект  

"Бесплатни курсеви по странски јазици, гитара, уметност, модерен балет и фолклор"

Општинскиот Културен Едукативен Центар ИЛИНДЕН, кој е формиран од страна на Општина Илинден веќе петта година по ред успешно го реализира проектот беспалтни курсеви по странски јазик, музика и уметност за учениците од IV до VIII одделение во трите основни училишта во Општина Илинден "Гоце Делчев", "Ристо Крле" и "Браќа Миладиновци" во учебна 2009/10 година.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА РАФИНЕРИЈА НА НАФТА „ОКТА“ - МИЛАДИНОВЦИ

  Се известуваат граѓаните и правните лица од конкретното подрачје опфатено со  Нацрт наУрбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање

 ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Нацрт на Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК-17

  Се известуваат граѓаните и правните лица од конкретното подрачје опфатено со  Нацрт на Урбанистички план за село Илинден, Марино и дел од Кадино – Блок 17, измена и дополна, 2010-2020, општина Илинден, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Нацрт на Урбанистички план за село Илинден, Марино и дел од Кадино – Блок 17, измена и дополна, 2010-2020,општина Илинден. 

31.05.2010 |

ОДРЖАНА ЛИТЕРАТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА "ИЛИНДЕН 2010"

Општина Илинден по единаесети пат годинава ги организира Меѓународните литературни средби "Илинден - 2010" 

Бројните содржини Манифестацијата има за цел да ја запознае пошироката културна јавност со творештвото и постигањата во опкружовањето и пошироко, но и со достигнувањето на македонската современа поезија во странство.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2009