Општина Илинден успешно го имплементира стандардот ISO 9001: 2008

14.05.2012 |

Објави во тек: Мај/Јуни

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намени Г3, Г4, Б1 и Д2

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН” 2012

Општина Илинден годинава по тринаесетти пат ја организира Литературната манифестација „ИЛИНДЕН“ што ќе се одржи на 31 мај 2012 година.

На Манифестацијата ќе настапат голем број на поети и прозаисти, додека под мотото: ,,СЛОБОДНИ ПОЕТСКИ ДЕНОВИ” своја платформа за афирмација ќе имаат и младите поети. 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА УБ1, УБ18, УБ5 и УБ32-Јака

Почитувани,

на ден 23.05.2012 година (среда) со почеток од 12:00 часот во просториите на Општина Илинден ќе се одржат јавни презентации и јавни анкети.

21.05.2012 |

Преку Проектот ГРАСРУТ најмладите се запознаа со фудбалската игра

Со цел да се запознаат најмладите со фудбалската игра, Општина Илинден и Фудбалската Федерација на Македонија го реализираа Проектот ГРАСРУТ.

На помошното фудбалско игралиште „Македонски бранители“ во н.м. Марино, во проектот кој има за цел омасовување на фудбалот, учествуваа 150 ученици од основните училишта „Гоце Делчев“, „Брака Миладиновци„ и „Ристо Крле“ и тоа 75 момчиња и 75 девојчиња.

18.05.2012 |

Хуманитарна помош за Домот за деца без родители „11 Октомври“ и Советодавниот центар при СОС Детско село

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“ при што на штитениците на Домот им додели повеќе парчиња облека.  Како дел од хуманитарната помош што граѓаните на Општина Илинден ја собраа во рамките на Хуманитарната акција за собирање на облека и стара хартија „Да ја покажеме хуманоста на дело“, облека им беше доделена и на децата и семејствата во Советодавниот центар при СОС Детско село. Дел од облеката, пак, беше доставена и до Црвениот крст при Општина Гази Баба.

Проект за запознавање на најмладите со фудбалската игра

Општина Илинден и Фудбалската Федерација на Македонија на 18.05.2012 година (петок), на помошното фудбалско игралиште „Македонски бранители“ во н.м. Марино, со почеток од 09:30 часот ќе го реализираат Проектот ГРАСРУТ.

Станува збор за проект кој има за цел омасовување на фудбалот во нашата држава, да ги привлече децата да го засакаат фудбалот, да почнат да ја играат оваа игра, и секако подоцна да тренираат фудбал.

15.05.2012 |

Во Акцијата „Да ја покажеме хуманоста на дело“ собрани над 15.000 парчиња облека во Општина Илинден

Со цел да им помогне на семејствата соочени со соодветен социјален ризик, а по повод Светскиот Ден и неделата на Црвениот крст, под мотото „Да ја покажеме хуманоста на дело“ Општина Илинден од 7 до 13 мај организираше Хуманитарна акција за собирање на облека и стара хартија.

Притоа, на 12-те собирни центри во домовите на културата во населените места собрани се над 15.000 парчиња облека, податок што самиот за себе зборува дека акцијата ја постигна целта

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010